Во Словенија претседателот нема кому да додели мандат за влада

Ниту една партија во Словенија нема да успее да направи мнозинство во парламентот, објави кабинетот на словенечкиот претседател, Борут Пахор, по консултациите со шефовите на пртатеничките групи, додавајќи дека претседателот нема никому да додели мандат за формирање на влада.

На парламентарните избори победи Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, кој не успеа да склучи коалициски договор со други партии. Според словенечкиот закон, Парламентот може да кандидира кандидати за премиер во следните 14 дена. Доколку и по вториот круг преговори ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство, тогаш во текот на есента Словенија ќе треба да спроведе предвремени парламентарни избори.