Првиот „Ел класико“ во новата сезона на 28-ми октомври

Новата сезона на шпанското фудбалско првенство започнува на 19-ти август, а првиот „Ел класико“, односно дуелот на гигантите Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 28-ми октомври, и тоа на теренот на актуелниот шампион „Камп Ноу“.

Првенствениот реванш меѓу „Кралскиот клуб“ и „Блау Грана“, пак, ќе се одигра на 3-ти март следната година на мадрискиот стадион „Сантјаго Бернабеу“.

Првиот градски дуел меѓу Реал и Атлетико ќе се игра на 30-ти септември на „Сантијаго Бернабеу“, а вториот ќе се игра на 10-ти февруари на „Ванда Метрополитано“.

Минатата сезона шампионската титула ја освои Барселона со 14 бодови повеќе од Атлетико Мадрид и огромни 17 бодови повеќе од најлутиот ривал Реал Мадрид.