
Не запираат скандалите околу доделување на грантовите од Фондот за иновации и технолошки развој. Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на фејсбук објави дека шефот на кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, Софче Јовановска ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот.
„Шефот на кабинет на вицепремиерот, Софче Јовановска, како претседател на Комисијата за евалуација, ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот.
Ова се вика да имаш вистинска десна рака, браво Кочо.“ пишува Мицковски.
По реакциите во јавноста, „Каст-инвест“ вчера соопшти дека се откажува од грантот од Фондот за иновации и технолошки развој.