
Вознемирувачко видео: Оваа девојка е под дејство на новата дрога која ги “претвора“ луѓето во демони
На интернет се појави снимка од Флорида на која е прикажана жена која земала од дрогата флака (нов вид на синтетичка дрога).
На видеото, издрогираната девојка делува како да е опседната од демони.
Станува збор за синтетичка дрога слична на кокаинот, но многу поштетна. Може да се консумира на повеќе начини, а доведува до делириум, покачена телесна температура, насилно однесување и параноја.
Жената која земала флака следела две девојки до нивниот стан и се обидела да им провали во дневната соба. Тие успеале сето тоа да го снимат.
https://www.youtube.com/watch?v=Vl4KMvLQrUo