Заев: Со голема тага ги примаме тажните вести, изразуваме сочувство со грчкиот народ

Порака на премиерот Зоран Заев, по повод големата трагедија во Грција, чии делови се зафатени со пожар, во кој има големи човечки загуби:

Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за големите загуби и жртви од катастрофалните пожари во Грција, во околината на Атина.

Изразуваме сочувство до пријателскиот грчки народ и длабока жалост за загубените животи до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели.

Со одлука на Владата на Република Македонија денеска издвоивме 6 милиони денари како интервентна помош која ја ставаме на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите.

Дополнително, Владата донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе ја договориме како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

Остануваме и со мислите во борбата против огнената стихија со која се соочува Република Грција“.