Ако не се договорат партиите власта сама ќе ја избере ДИК

Два дена по одржувањето на лидерската средба работните групи на парламентарните партии сѐ уште ги немаат отстрането несогласувањата што се појавија при примена на тоа што го договорија лидерите на средбата. Претставници на власта вчера порачаа дека нема да прифатат никакви ултиматуми и уцени од опозицијата, која пак тврди дека единствено за што се грижи се националните интереси на државата.

 

 

Извори од пратеничките групи, сепак, се оптимисти дека договор ќе биде постигнат и оти до сабота би можело да се изгласа договореното на лидерската средба вклучувајќи ја и ДИК, објави МИА.

Во спротивно, од СДСМ и ДУИ нагласуваат дека останува отворена опцијата да го изгласаат составот на ДИК со 61 глас според преложените измени на Изборниот законик, кои сѐ уште не се повлечени, односно без опозиција, опција која велат дека на ја посакуваат имајќи го предвид историскиот момент за Македонија.