
Најмалку две лица загинаа во поплавите кои го погодија североистокот на Романија, соопштија романските власти.
Инспекторатот за итни ситуации на округот Сучава, соопшти дека 69 годишна жена денеска упадна во река додека поминувала преку мост кој се срушил и ја однела надојдената вода.
Нејзиното тело било пронајдено 10 километри низводно, пренесе „АП“.
Втората жртва бил пастир кој се обидел да ја спаси кравата од поплавената река во североисточното село Марџинени во близина на градот Пјатра Нјамц.
Романските власти упатиле 5.100 припадници на спасувачките екипи да им помогнат на луѓето кои се погодени од поплавите.