Маж прободен со нож во Тафталиџе

Тројца маскирани лица влегле во стан во населбата Тафталиџе 1 и со нож го проболе сопственикот, кого го држеле во заложништво безмалку десет часа, дознава Нетпрес.

Повреденото лице веднаш е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Според првичните информации, случајот во полиција го пријавил В.Д.(20), кој бил во својот стан кога околу 2.30 часот влегле три лица со фантомки на главите. Тие го држеле во станот до 12 часот кога заминале, при пто со нож го проболе. Тој повикал итна помош која го однела во болница.

Според В.Д. тројцата маскирани украле лап-топ,мобилен телефон и пари пред да избегаат.

Полицијата во моментов врши увид на местото.