Министерство за здравство: Родителите виновни за состојбата на децата со дијабет

Заменик-министерот за здравство Асим Муса негира дека станува збор за лекарска грешка во случајот на трите деца-дијабетичари. Наспроти изјавите на Муса е здружението на децата заболени од дијабетес кое тврди дека се се случило поради несоодветна медицинска грижа.

Од Клиниката соопштија дека состојбата на 14 годишното девојче од Охрид кое е во кома е подобрена. Санитарниот здравствен инспекторат извршил ненајавени контроли во установите каде се третирани децата.

Освен 14-годишното девојче, уште едно 3-годишно и едно 9-годишно дете се примени на Клиниката за детски болести со тешки здравствени компликации.