
Грчкиот митрополит Амвросиос на својот блог за катастрофалните пожари што однесоа 74 животи го обвини премиерот Алексис Ципрас.
-Атеистичниот премиер Алексис Ципрас го предизвика бесот на Бог. Грција е уништена од пожари и поплави, напиша на својот блог на социјалните мрежи митрополитот Амвросиос.
Амвросиос потоа цитирајќи го Новиот завет, додаде дека поради оддалечување на луѓето од бог се случуваат разни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемија, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.
Митрополитот ги поврза пожарите и со фактот дека Ципрас не ја оженил својата девојка.