
Фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“, чијшто сопственик, Весна Кузмановиќ, била предложена преку проект на УСАИД да им ги пишува предлог-проектите на фирмите до Фондот за иновации, добила грант откако претходно аплицирала на јавниот повик, објави Макфакс.
Таа за Макфакс потврдила дека заедно со уште десетици нејзини колеги била дел од листата олеснувачи за пишување проекти за учество на јавниот повик на Фондот, но дека ги одбила трите понуди бидејќи сите веќе имале ангажирано консултанти.