Кавадарчанец провалувал во станови во Охрид

Кавадарчанец ограбувал станови во Охрид, информираше МВР.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, тешка кражба и три кривични дела тешка кражба во обид.

Осомничениот во периодот од 26 јуни до 10 јули годинава на подрачјето на Охрид провалил во четири стана.
Тој со употреба на подесен алат делувал влегувал внатре и од еден од становите зел 24.000 денари, 300 евра и златен привезок.