
Европскиот суд на правда донесе конечна одлука со која швајцарската компанија „Нестле“ не може да полага еклузивно право и да ја заштити како свој бренд четирите штангли од чоколатцата „КитКат“.
Челниците на „Нестле“ во 2000 година заклучиле дека овој облик на „КитКат“ е препознатлив во целиот свет и во 2006 година успеаја тој облик да го регистрираат како заштитен знак на чоколадцето во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (EUIPO). На оваа одлука се жалеше компанијата „Монделез“, која го произведува норешкото чоколатце „Квикк Лунсј“, долги години омилено меѓу планинарите и скијачите кое настана две години пред појавата на „КитКат“ во 1935 година.
Европскиот суд пресуди против произведувачот на „КитКат“ наведувајќи дека тој облик не е препознат во сите 28 земји на ЕУ. Како што наведе судот, обликот е познат во десет земји, ама не во Белгија, Ирска, Грција и Португалија.