По пожарите, во Грција два земјотреси

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го потресе денес грчкиот остров Самос.

Грчката агенција АНА соопшти дека земјотресот се случил во 10.18 часот наутро по централноевропско време, на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Маратокампос. Се вели дека земјотресот се почувствувал низ целиот остров.

Претходно друг земјотрес, од 3,3 степени, го погодил островот во 9.44 часот. Епицентарот бил 5 километри западно од Самос, објави грчка Прототема.

Грција сè уште е во шок поради катастрофалните пожари што ги опустошија предградијата на Атина и во кои според најновите информации загинале најмалку 82 лица.