Автобусот за Водно ќе тргнува порано, станицата „Јаја Паша“ преместена кај “Лирија“

Автобусот број 25 кој сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од утре наместо во 8, по барање на планинарите и поради високите температури ќе поаѓа во 7.30 часот, информираат од ЈСП. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници.

Останатите поаѓања се реализираат според важечкиот утврден возен ред. Потсетуваме дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат. Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези-Македонско село. Сакаме да ги информираме корисниците на јавниот превоз дека од денеска (27.07.2018 година), автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри после пешачкиот надвозник, односно стојалиштето сега е пред ОУ „Лирија“. Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини. На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди, велат од ЈСП.