
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар
во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во
неговата Влада.
Го свикав денеска Министерскиот совет, пред се, затоа што сакам пред грчкиот народ целосно да ја
преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што се подразбира за премиерот и заввладата, изјави Ципрас во воведното обраќање на почетокот на вонредната владина седница што започнавпопладнево.
Тој додаде дека има индиции оти пожарот бил подметнат, а владата наскоро ќе излезе со национален план и мерки како да се излезе на крај со повеќедецениската нелегална градба.
Грчката опозиција ја обвини денекс авладата за ароганција и неуспех да ги заштити животите на луѓето во пожарот, а главната опозициска партија „Нова Демократија“, ја критикуваше владата, бидејќи, како што велат, од неа не слушнале ниту еден збор извинување за трагедијата.