(Видео) Мафијашка егзекуција во Русија

Рускиот телевизиски канал 112 од градот Новокузнецк во регионот Кузбас во западниот дел на Сибир објави вознемирувачко видео од убиство на лидерот на локалната мафија „Запсибовски”, Александар Жестоков.

Убиството се случило во барот “Џамбул”, каде Жестоков го славел излегувањето од затвор каде поминал седум години за убиство и изнуда. На видеото се гледа како маскиран млад човек му приоѓа од зад грб и пука во бего неколку куршуми од пиштолот со придушувач.

Како што пишува порталот, никој не ја повикал полицијата по убиството, а повеќето од госите веднаш излегле од барот.