ФОТО Страшни шумски пожари избувнаа на југот на Шпанија

Повеќе од 30 пожарникари се борат со два пожари во Коста де ла Луз на југот на Шпанија.

Големиот пожар избувнал вчера околу 11 часот во близина на градот Тарифа. Три хеликоптери, четири авиони се борат со огнената стихија.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а не е позната ниту штетата која е направена од пожарите.