
Во судирот на јахта и едрилица во Јадранското Море загинаа двајца туристи од Полска, потврди Управата за поморска сигурност на Црна Гора.
Несреќата се случила во заливот Бока Которска, во близина на Луштице, а на јахтата и едрилицата имало 13 патници, од кои седум деца.
Медиумите во Подгорица јавуваат дека полицијата го привела возачот на јахтата, кој е црногорски државјанин на 30-годишна возраст, по потекло од Тиват.
Едрилицата пловела под полско, а јахтата под британско знаме.