
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија изјави дека им дал поддршка и на двајцата претседатели.
Канцеларот Курц изјавил дека се надева на „скорешен напредок “ во преговорите со австриска поддршка. Курц за сараевскиот весник ,,Дневни аваз”, прашан дали до крајот на годинава е можно да се постигне договор меѓу Белград и Приштина , изјави дека поддржува секаков договор што има за резултат засилена соработка.
Ние поддржуваме секаков договор, што за резултат има засилена соработка на земјите од Западен Балкан. Тешко може да замислам само размена на територии, бидејќи тоа не го прави регионот постабилен, доколку по многу години од вооружен судир се обидуваме да ги поместиме границите.
Тој потенцира дека за Австрија овој регион не е само тежиште на актуелното претседателство со ЕУ , туку со години е суштински дел на австриската и европската надворешна и економска политика.