
Сите 103 патници и членови на екипажот го преживеаја падот на авионот во блзина на ародромот во мексиканскиот град Дуранго.
Сите 103 патници и членови на екипажот го преживеаја падот на авионот во близина на аеродромот во Дуранго. 97 – мина од патниците се здобиле со повреди , кога авионот Ембраер Е190 се урнал веднаш по полетувањето. Двајца од повредените се во критична состојба . Имињата и националноста на патниците , кои летале од Дуранго кон Мексико Сити , не се објавени.
Авионот паднал само пет минути по полетувањето од засега непознати причини. Во тоа време врнел силен дожд , а голем број од патниците успеале да излезат од смачканиот авион пред да избувне пожарот.
Гувернерот на Дуранго изјави дека силен налет на ветар го зафатил авионот веднаш по полетувањето. Левото крило удрило во земја , а потоа отпаднале двата мотора.