Тачи: Размена на територии не, но Прешевската долина треба да биде дел од Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека е неприфатлива размената на територии меѓу Србија и Косово, но дека Прешевска долина би требало да стане дел од Косово.

Во интервју за АП, Тачи ја отфрли идејата за поделба на Косово по етнички линии, но дека е отворен за „корекција“ на границата во преговорите под покровителство на Европската унија.

АП наведува дека српската влада, како можно решение, предложи размена на територии според етничкиот состав – северот на Косово за Прешевската долина, но дека Тачи рекол дека таквата поделба е „неприфатлива“.

Тој кажа дека Прешевската долина би требало без оглед да стане дел од Косово.