
Белата куќа соопшти дека САД воведуваат санкции против турските министри за правда и за внатрешни работи Абдулахит Ѓул и Сулејман Сојлу во врска со случајот со американскиот свештеник Ендру Бренсон, кому во Турција му се суди за тероризам.
Сметаме дека тој е жртва на неправеден и неоправдан однос од страна на турската влада, изјави портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс. Бренсон е обвинет за соработка со мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, која се смета за одговорна за обидот за државен удар во Турција.