Жител на Голема Речица загина кога автомобилот кој го управувал удрил во бандера, информираше МВР.
Сообраќајната несреќа се случила околу 15.30 часот на локалниот пат Пирок-Тетово кај Мала Речица.
Тогаш Бекир И. (66) од Голема Речица,управувајки автомобил „опел астра“ удрил во бандера.
Тој со возило на итната медицинска помош бил пренесен Медицински центар Тетово, каде што им подлегнал на повредите.