
Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, изразува надеж дека следната 2019 година, кога Алијансата ќе одбележи 70 години од своето основање, Македонија да стане членка на блокот откако, како што истакнува, ќе ги заврши пристапните разговори.
Морнаричкиот капетан Бартол, во интервју за државната новинска агенција МИА, меѓу другото, појаснува дека Македонија на самитот во Брисел добила покана за членство и ги почнала, како што вели, пристапните разговори а не преговори.
„Сите ние не треба да заборавиме дека само пред нешто од повеќе од една година, земјава беше на работ на голема внатрешна нестабилност. На последниот самит на НАТО во Брисел, шефовите на држави и влади ја поканија вашата земја да почне пристапни разговори. Штом ги завршите сите национални процедури и откако сите НАТО сојузници ќе го заокружат процесот за ратификација, вашата земја ќе стане 30-та членка на НАТО“, вели Бартол.