Двaца загинати и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа во штипско

Две лица загинаа a уште две други се потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнето во петокот на магистралниот пат Штип – Велес, кај приградската населба Три чешми.

Според самостојниот сообраќаен инспектор во СВР-Штип, Владо Петров, околу 14,15 часот директно се судриле шлепер со полуприколка со српски регистарски таблички и камион натоварен со дрва.

Двајцата возачи, едниот од Србија и другиот од Штип, загинале на лице место, а сопатниците кои биле во камионот се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообракајот се пренесочува по стариот регионален пат Штип – Велес.