Еден загинат во сообраќајна несреќа во тетовско

Шеесет и шестгодишен жител на тетовското село Голема Речица го загуби животот во четвртокот во тешката сообраќајна несреќа којашто се случи на регионалниот пат село Пирок – Тетово.

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила вчера во 14:30 часот на регионалниот пат Пирок-Тетово, кај Г.Речица, инфомрираа во петокот од МВР.

Од полицијата информираат, исто така, дека возилото „опел астра“ со тетовски регистерски таблици управувано од 66-годишниот И.Б. од Горна Речица, излетало надвор од коловозот и удрило во бандера.

Веднаш по незгодата, И.Б. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од страна на лекар констатирана била смрт.