Историчарката Котлар: Пукајте, ние и сега држиме историски час!

Професорката по историја од Институтот за национална историја Наташа Котлар, која учествуваше во емисијата на МРТВ за Илинден, а не ѝ се допадна на владејачката СДСМ, по емисијата ѝ го честита празникот на јавноста, но ѝ испрати поркаа на власта:

„По повод заедничкото учество со професорот Михајло Миновски во пригодната емисија за ИЛИНДЕН на МТВ, ќе одговорам со парафразирање на една позната мисла: „Пукајте, ние и сега држиме историски час! Честит Илинден, Македонија вечна!“.

Претходно, додека се уште се емитуваше отвореното студио на МРТВ, СДСМ реагираше со соопштение дека националниот јавен сервис МТВ на големиот државен празник 2 август емитува програма преку која упатува пораки спротивни на националните и стратешки интереси на Република Македонија.

МРТВ, пак, ја обвини власта за континуиран притосок.