
Портпаролот на авганистанските власти го оцени во петокот киднапирањето и убивањето на тројцата странски државјани, меѓу кои и македонски, во престолнината Кабул, како терористички акт, најверојатно извршен од талибаните.
Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма , соопшти портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станкезај.
Најновите податоци од полициската истрага во Кабул говорат дека тие биле обични работници во компанијата. „Возачот на компанијата, кој ги превезувал за време на нападот, бил под истрага на авганистанската разузнавачка служба“, рече Станкезај.
Канцеларијата потврди дека се води истрага, но не даде поединости. Портпаролот на талибанци, Забиула Муџахид, негираше na Twitter дека тие го извршиле нападот.
Во меѓувреме, од француската компанија „Sodexo“ ја потврдија смртта на тројца нивни вработени во Кабул: Македонец, Индонезиец и Индиец. Компанијата, чиешто седиште е во Франција, обезбедува услуги поврзани со храна и кетеринг. Не е јасно дали меѓу нејзините клиенти се странски војници во Авганистан.