Српски државјанин најден мртов во викендичка во штипско

Државјанин на Србија во четврокот околу 8 часот бил пронајден починат во викенд-куќа во месноста Плужин, во атарот на Општина Штип, информираше во петокот Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата информираат дека лицето е идентификувано како 70-годишен А.Ц. од Република Србија,кој имал пријавен привремен престој во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.