Вучиќ до косовските Срби: Ќе нема нова ,,Олуја”!

Во отвореното писмо до косовските Срби , Вучиќ порача дека Србија , додека тој е претседател, нема да дозволи организирано насилство над Србите и нивните свети места, ќе нема нова ,,Олуја” , ниту прогон на Србите. Во писмото , кое интегрално го објави РТС , Вучиќ потсетува дека на 4 август истекува рокот кој на Приштина и го дала ЕУ за врз основа на Бриселскиот договор го заврши усвојувањето на статутот на Заедниците на српските општини.

Вучиќ смета дека се остваруваат неговите сомнежи дека ,,Приштина нема да мрдне со прст за да формира Заедница на српските општини.” Тој апелира до Србите да не преземаат ништо за да им дадат изговор на поединците меѓу Албанците или во меѓународната заедница за преземање какви било акции против Србите на Косово.

Тој очекува од КФОР и НАТО да го заштитат мирот , а на Србите им порачува дека државниот врв ќе продолжи на исклучиво мирен начин да се залага за компромисно и целосно решавање на проблемите на Косово.