
Двајца возачи на камиони загинаа, а уште две лица се повредени во судир на камиони, вчера на магистралниот пат Штип-Велес, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот кај место викано Три чешми. Тогаш се судриле камион „Волво“ со српски национални ознаки, управувано од С.Р. од Србија и камион „мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано од Р.К. (58) од радовишкото село Дамјан.
Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од „мерцедесот“, Д.Д.(22) и С.Д.(28) и двајцата од Штип, со телесни повреди биле пренесени во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на настанот.