Седница на Советот за националната безбедност во Белград

Во Белград во моментов трае седница на Советот за национална безбедност, која почна утрово на барање на српскиот претседател, Александар Вучиќ по повод ситуацијата во Косово и Метохија.

На седницата на Совето ќе се дискутира како да се заштитат српските интереси и луѓето од Косово и Метохија, откако Приштина не го испочита договореното и не ја формираше Заедницата на српски општини. Освен Вучиќ на седницата се присутни премиерот Ана Брнабиќ, министерот за одбрана, Александар Вулин, началникот на Генералштабот на српската армија, Љубиша Диковиќ, министерот за правда, Нела Кубуровиќ, Републичкиот јавен обвинител, Загорка Доловац,шефот на Безбедносно информативната агенција, Братислав Гашиќ и министерот за полиција Небојша Стефановиќ.

Пртеходната седница на Советот за национална безбедност се одржа на 26 март по апсењето на директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица.