
За само неколку дена дена четири семејства останале без своите заштеди за купување на огревно дрвво, откако биле измамени од продавачи на дрва. Речиси и да нема ден без информација за измамени граѓани кои плаќале за дрва, кои не ги добиле, а полицијата не успеала да фати ниту еден измамник.
Последените случаи на измама биле регистрирани вчера во Скопје и во Велес.
Скопјанката Р.Т.(63) вчера во ПС Аеродром пријавила дека во средата околу 12 часот на булеварот Трета Македонска Бригада од страна на непознат сторител била измамена за 14.000 денари. Непознато лице додека истоварало огревни дрва кај нејзин сосед и понудило дрва за цена од 2.800 денари. Жената се согласила да и донесат пет кубика и му дала 14.000 денари, а измамникот откако ги зел парите рекол дека ќе оди да го донесе камионот, но истиот не се вратил. Иззмамената два дена ги чекала дрвата, но кога сфатила дека нема да и ги донесат се јавила во полицијата.
Велешанецот Т.К.(67), вчера пријавил дека околу 14 часот во неговиот дом на улицата Никола Оровчанец дошло непознато лице кое се претставило дека бил од село Бузалково и му понудило на продажба огревно дрво по цена од 2.300 денари за метар кубен. Човекот се согласил и потоа заедно отишле кон местото каде требало да ги земе дрвата. Продавачот му рекол да почека да дојде камионот со дрва, а тој ќе одел да донесе испратница. Но измамникот Велешанецот се вратил во домот на Т.К. и на неговата сопруга и рекол да му даде 4.700 денари за дрвата што требало да им бидат доставени. Таа му ги дала парите, а тој си заминал. Во меѓувреме Т.К. почекал околу еден час по што се вратил дома. Кога сопругата му кажала што се случило разбрале дека биле измамени.
И скопјанката Д.Л. (63) во вторникот пријавила дека истиот ден околу 10 часот на улицата Сердарот во Драчево од страна на непознато лице и била извршена измама за сума од околу 10.000 денари. Измамникот дошол во домот на Д.Л. и понудило огревни дрва во количина од 5 кубни метри, но со изговор дека дрвата биле на друго место. Нејзиниот сопруг заминал со лицето за да ги види дрвата, но тој набрзо се вратил кај пријавителката и и кажал дека нејзиниот сопруг го пратил по што таа му ги дала парите.