
Џејсон Кид изјави дека би сакал да биде тренер на НБА шампионот, „Голден Стејт Вориорс“ во иднина.
По повеќе од успешната играчка кариера, Кид како тренер ги предводеше „Бруклин Нетс“ и „Милвоки Бакс“.
Се надевам дека еден ден ќе се вратам во Сан Франциско, мојот роден крај. Можеби би можел да работам во средно училиште или на колеџ, или можеби ако Стив Кери одлучи да се пензионира, можам да им помогнам на „Вориорси“ еден ден, рече Кид.
Набргу по оваа изјава, 45-годишниот тренер даде официјално соопштение.
Би сакал да го објаснам мојот коментар, со оглед на тоа што многумина го извлекоа од контекст. Тоа беше шега што ја направив. „Ворорси“ веќе имаат одличен тренер, стои во соопштението.
Стив Кери неодамна го продолжи договорот со „Голден стејт“ за уште пет години.