
Работничката партија на левиот центар го именуваше поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва за свој кандидат за претседателските избори во октомври, иако тој е осуден поради корупција. Така било одлучено на конгресот на партијата. Претседателските избори ќе бидат одржани заедно со парламентарните на 7 октомври.
Да Силва беше претседател од 2003 до 2010 година. Во април Лула беше осуден на 12 години и еден месец затвор за корупција и перење пари. Пред еден месец да Силва беше ослободен од притвор до завршувањето на жалбената постапка по пресудата против него за корупција.
Тој беше највисокиот уапсен и осуден функционер во антикорупциската акција на полицијата наречена ,,Пералница за автомобили“. Лула за цело време на судењето тврдеше дека не е виновен и дека обвинението е политички мотивирано. Во тек е жалбената постапка по пресудата. Лила да Силва тврди дека е невин и ги отфрли ваквите обвинувања, оценувајќи дека тие се политички мотивирани.
Анкетите на јавното мислење спроведувани до изрекувањето на пресудата против Лула де Силва во април, укажуваа дека тој би имал најголеми шанси за победа на претседателските избори.
.