Шестмина повредени во судир на три „голфа“ и „југо“

Шестмина се повредени, од кои еден потешко, во судир на четири автомобили, вчера на регионалниот пат Куманово- Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 17.30 часот на дел од патот во село Љубодраг. Тогаш се судриле автомобил „голф“ управуван од А.Н.(42) од Куманово, „југо“ управувано од Б.Р.(70) од Скопје, „голф“ управувано од С.П.(58) од село Умин Дол, како и „голф“ со странски регистерски таблици, управувано од Ј.Џ.(30) од село Арачиново.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничката болница во Куманово биле пренесени сопатник од кумановскиот „голф“, К.Н. и С.Р. сопатник од „југото“. Од страна на лекар кај К.Н. констатирани биле тешки телесни повреди, а кај С.Р.лесни повреди.

За укажување на лекарска помош се јавиле и возачот А.Н. и уште двајца сопатници во истото возило, како и возачот Б.Р. и кај истите од страна на лекар биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.