Витсел се договори со „милионерите“

„Борусија Дортмунд“ ја активираа откупната клаузула за Аксел Витсел од кинески „Тианџин“, па Белгиецот ќе потпише четиригодишен договор со „милионерите“. Финансиските детали и клаузулата за откуп не се објавени.

По Мундијалот во Русија бев одлучен да се вратам во Европа. Јас сум среќен и горд што наскоро ќе можам да играм во Дортмунд. Воопшто не размислував, по првиот разговор со „Борусија“ донесев одлука затоа што според мене ова е еден од најдобрите тимови во Европа. Искрено, со нетрпение очекувам да истрчам пред 81.000 луѓе, порача Витсел.

Витсел (29) во својата кариера играше за „Стандард“ Лиеж, „Бенфика“, „Зенит“ и за „Тијанџин Квандијан“ минатата сезона.
Дефанзивниот играч од средниот ред на Белгија го освои третото место на Светското првенство во Русија, а за „Црвените ѓаволи“ има одиграно 96 натпревари и постигнато девет гола.