
Мотоциклист бил тешко повреден во директен судир со џип, вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 11.40 часот, пред селото Требеништа кога се судриле мотоцикл „кавасаки“ управуван од С.Д. (36) од Скопје и возило „џип“ управувано од П.Ј.(36) од Скопје.
Во сообраќајката тешко бил повреден мотоциклистот кој со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болница во Скопје.
Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.