
Бројот на загинатите во земјотресот што минатиот викенд го погоди индонезискиот остров Ломбок се големи на 259, соопштија во четвртокот од централната агенција за справување со катастрофи.
Повеќе од 1.030 лица се хоспитализирани, а 270.000 луѓе се евакуирани, изјави портпаролот на споменатата агенција Сутопо Нугрохо.
Околу 70.000 домови, 470 училипта и 65 џамии се оштетени во земјотресот со магнитуда од 6,9 степени, кој се случи во неделата нецела седмица откако Ломбок беше погоден од потрес со магнитуда од 6,4 степени во кој загинаа најмалку 17 лица. Во четвртокот популарниот меѓу туристите вулкански остров го погоди нов земјотрес, овојпат со магнитуда од 6,2 по Рихтер.