
МВР откри уште еден случај на полицаец од СВР Куманово кој напредувал во кариерата со фалсификувана диплома од педагошкиот факултет, информираше министерството.
Во последниот случај станува збор за Г.Т.(46) од Куманово против кого е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело поттикнување како и за продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина. Кривична заработил и фалсификаторот, кој и претходно е осомничен, З.К. (52) од Скопје кој се товари за злоупотреба на службена положба и овластување, како и продолжено кривично дело фалсификување исправа.
Според полицијата, во текот на 2007 година Г.Т., инспектор во СВР Куманово, стапил во контакт со З.К., кој работел како референт за студентски прашања на Педагошки Факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и го поттикнал да му обезбеди Уверение за завршен факултет. Референтот го запишал Г.Т. како студент на дообразование, а потоа без да ги полага испитите, му изготвил фалсификувано Уверение за завршен VII/1 степен образование со стручен назив „Дипломиран професор за предучилишно воспитание“.
По ова, Г.Т. фалсификуваното уверение го употребил во правниот сообраќај и премолчувајќи го незаконски стекнатото високо образование, од 23.01.2009 година бил распореден на работно место со утврдено високо образование – раководител на смена во Полициско одделение за Граничен премин Пелинце, по што продолжил со напредување во службите на МВР.
На овој начин пријавените нанела штета на Буџетот на Република Македонија и на Државниот универзитет.