
Најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ предизвика вистино воодушевување кај навивачите на „Реал“ Мадрид пред неговиот денешен разговор со директорот на клубот, Флорентино Перез околу неговиот трансфер во „Интер“.
Модриќ на својот профил на Твитер постираше фотографија од неговиот тренинг со соиграчите со порака „Назад на работа“.
Дали пораката значи дека останува во „кралскиот клуб“ ќе биде познато по разговорот со управата.
Модриќ најверојанто ќе остане ако „Реал“ му ја зголеми платата, но набрзо ќе видиме дали тоа ќе биде така.