
Најмалку 39 цивили загинале а повеќе десетици лица се ранети и сметаат за исченати по експлозија на складиште за оружје во неделата во станбена зона во сириската покраина Идлиб, а коешто припаѓало на исламистичка групација.
Причините за експлозијата којашто предизвикала уривање на две станбени згради во североападната покраина на Сирија, не се во моментов познати, истакна опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) , чие седиште е во Лондон.
Експлозијата од засега непознато потекло во складиштето за оружје, оденсло 39 животи на цивили, а повредени се уште најмалку 45 лица, изјавил Мустафа Хаџ Јусуф, челник на Цивилната одбрана на Идлиб, пренесува AFP.
Дописникот на агенцијата од градот Сармада, во близина на турската граница, потврдил дека во експлозијата се урнати две згради.
Таканаречените „Бели шлемови“, доброволна спасувачка групација којашто владата во Дамаск ја обвинува за субверзии и конструкции за наводни нејзини масакри, а кои се активни во бунтовничките зони, биле испратени на местото на несреќата во локалитетот Сармада, каде со булдожери се обидуваат да ги расчистат урнатините во потрага по еврентуално преживеани.
Складиштето се наоѓало во станбена зграда во Сармада. Припаѓало на криумчар на оружје кој работел за Хиџат Тахрир ал-Шам, џихадистичка групација којашто така се преименува од Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, пред неколку години, кога Обединетите нации ја ставија на листата терористички организации за кои неважат примирјата во Сирија. Оваа групација ја контролира поголемиот дел од покраината Идлиб, па нејасно е како таму дејствуваат и невладините организации кои ги поддржува Западот.
Според првичните сознанија, загинатите цивили се повеќето членови на семејството на борците на Хиџат Тахрир ал-Шам, но се стравува дека бројот може драстично да порасне.,