
Унгарската компанија „Виз ер“ ја суспендира продажбата на билети за двe од своите авионски линии од Македонија, откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа нискобуџетна компанија.
„Виз ер“ ја прекина продажбата на билети од Скопје за Барселона од 26 октомври, исто како и продажбата на билети од Охрид за Лондон од 24 октомври.
„Виз ер“ ќе ги прекине летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември, поради слабата побарувачка. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети е прекината.