
Возрасни граѓани од Скопје, на 5-ти август извршиле кривично дело „насилство“ во Крушево, откако истепале 16-годишно момче од Крушево.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С.(40) и К.С.(39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2018 година околу 01,15 во Крушево на улица „Мише Ефтим“, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на посочената улица, првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16 годишното лице а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно со раце го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди“, велат од МВР.