
Четири македонски државјанки се полесно повредени во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случила во близина на преминот „Ќафасан“, на албанско-македонската граница. Во несреќата учествувале три возила.
Според „Шекули“, во несреќата полесно се повредени македонските државјанки Валерија К. (25), Орхидеа В. (38), А.В.(17) и Андреа К.,кои биле згрижени во болницата во Либражд.
Од првичните информации се дознава дека втомобилот во кој биле Македонките од се уште непознати причини преминал на спротивната страна на коловозот и удрил во албански автомобил, а потоа во нив удрило и друго возило.
Најверојатно причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење кон условите на патот.