
Македонскиот фудбалер Иван Тричковски постигна хет-трик во победата на „АЕК“ Ларнака со 5:0 против австриски „Штурм“ за пласман во плеј-офот за групната фаза од Лига Европа.
Македонецот продолжи со фантастичната игра во квалификациите каде постигна шест гола, два против „Дандалк“ и еден против „Штурм“ во Грац.
Тричковски во осмата минута го отвори натпреварот, во 67. погоди за 3:0, а на десет минути пред крајот реализираше за 4:0.
„АЕК“ во плејофот ќе играа со подобриот од дуелот меѓу „Тренчин“ и „Феенорд“, а Словаците пред натпреварот вечерва во Холандија имаат предност од 4:0 по првиот меч.