
Нема повредени во престрелка која ги вознемири жителите на скопки Чаир, кои имаа голема среќа што никој не беше погоден од испуканите куршуми.
Полицијата потврди дека се случил инцидентот и трага по пиштолџиите.
Според изјави на очевидци, престрелката се случила околу 19 часот на улицата Лазо Трповски, во близина на маркетот „Принц“. Во моментот на улицата имало многу минувачи, а две лица почнале да пукаат кон друго лице, кое возвратило на нападот. Граѓаните почнале да бегаат и да се фрлаат на улицата, а пиштолџиите по престрелката избегале. До престрелка дошло најверојатно поради нерасчистени имотно правни односи.
Полицијата врши увид на местото. Од МВР велат дека со повеќе детали за инцидентот ќе информираат утре.