
Ова е рецептот кој секогаш успева.
Потребни состојки:
- 1 кг брашно
- 500 мл млако млеко
- 200 мл јогурт
- 2 јајца
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 коцка квасец
Во подлабок сад ставете килограм брашно и во средината направете вдлабнатина.
Во таа вдлабнатина ставете малку млако млеко и изронете го квасецот па наросете лажичка шеќер. Оставете квасецот да се активира и да надојде.
Замесете тесто а потоа покријте го со крпа и оставете да се дигне. Кога тестото ќе се удвои, од него можете да правите се’ што ќе посакате: кифлички, погачички…
Ако не го потрошите во истиот ден, сочувајте го тестото во фрижидер и употребете го следните денови.