
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на “Женската платформа за зголемување на партиципацијата на жените во јавниот и политичкиот живот” организира трениг обука во неколку модули и тоа:
- Модул 1 – Политички систем
- Модул 2 – Човекови права
- Модул 3 – Јавни политики
- Модул 4 – Градење на стретегии
- Модул 5 – Политичка култура
- Модул 6 – Мултикултурализам
- Модул 7 – Лобирање и застапување
- Модул 8 – Менаџмент на човечки ресурси
- Модул 9 – Јавно говорништво
- Модул 10 – Баланс меѓу професионалниот и семејниот живот
Унијата на жени ги повикува сите жени во Република Македонија да аплицираат за учество во својата пројавена сфера на интерес, согласно горенаведените модули. Аплицирањето се врши електронски на [email protected]и писмено во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со доставување на кратка биографија. Приемот на апликации ќе се врши до 15.09.2018 година.